Пишува: м-р БАРДУЛ ЗАИМИ

 

 

Културата е значаен фактор за афирмација на етничкиот идентитет на една заедница. Поимот култура подразбира една перманентна култивација на човечкиот дух, на сето тоа што подразбира идентитет, различност, традиција и друго духовно наследство. Секоја заедница е еден вид духовен ентитет што ја детерминира неговото постоење. Афирмацијата на културните вредности е гарантирана со универзални права а пак тие се реализираат во еден конкретен даден контекст, во едно конкретно време и конкретен простор.

Најконкретен простор за поттикнување и афирмација на културните вредности на една заедница е просторот на локалната власт, во која граѓаните на една заедница, во нашиот случај помалите заедници, можат без пречки и креативно да ги реализираат своите културни потреби. Ова голема слика на културна самоидентификација на заедниците понекогаш знае во практичниот дел да не биде бедна, не задоволувајќи ги потребите и аспирациите на помалите заедници за да го истакнат најубавото од својата димензија што се поврзува со културните вредности.

Токму за ова, за да се креира еден консолидиран простор за инкарнација на културните вредности на помалите заедници во локално ниво се отвара реална дебата за нивото и квалитетот на нивен културен живот, и за идните проекции кои треба да бидат компас за понатамошно развивање на рамката за реално, супстанцијално и креативно претставување на културните вредности.

Иако има напори за унапредување, реалната слика на културното учество на помалите заедници на локално ниво уште не на ниво на очекувањето. Нивното вклучување во културниот живот на градот, пред се подразбира запознавање на досегашното ниво на учество и можните корекција за понатамошно зајакнување на капацитет за обезбедување простор за поквалитетно и позначајно присуство. Веќе општина Тетово поддржуваа културни настани на помалите заедници, но ова не е доволно за нивно потполно афирмирање.

Како негативни искуства можеме да ги напоменеме отсуството на конкретни иницијативи преку годината за конкретни културни настани кои ќе му даваат еден нов импулс на културниот живот на помалите заедници. Само еден или два настани не се доволни за оживување на културниот живот на помалите заедници.

Други може мода напоменеме, отсуството на конкретни проекти кои ќе бидат планирани во текот на годината како настани што ќе создаваат една друга перцепција за културните вредности и за културниот живот.

Недоволната интеракција на културните субјекти со општината за да се разгледаат можностите за подобрување на културниот живот на помалите заедници останува еден вид хендикеп.

Исто така како негативно искуство можеме да го напоменеме и недоволната соработка на невладините организации и другите културни субјекти со медиумите за проблематизирање на недоволното културно присуство на помалите заедници.

Како позитивни искуства можеме да го броиме подготвеноста и генералната ориентација на Општина Тетово за инклузивен пристап кон културните вредности, која може да се искористи како добра основа за подобрување на учество на помалите заедници во културниот живот во градот.

Финансирањето на некои културни настани е добро искуство која треба понатаму да се негува со повеќе настани.

Спремноста, отвореноста за дебатирање за ова проблематика која се поврзува со културата на помалите заедници е една супстанцијална димензија на оптиката на општината како ги гледа културниот диверзитет и различноста како заедничка вредност на градот.

Како општина веќе бевме активно вклучени на подготовка на Стратегијата на унапредување на помалите заедници во локално ниво со која конкретно се предвидени активности со кои ќе се динамизира културниот живот на помалите заедници во рамките на инклузивниот концепт што ја нуди општината и во рамките на културниот развој на помалите заедници.

Впрочем, конкретната афирмација на културните вредности на помалите заедници подразбира конкретна стратегија и програма со која се предвидуваат времето и начинот на реализирање на конкретни активности и настани со кои без дилема ќе имаме нова динамика на културно учество и унапредување на помалите заедници во земјата.

Токму овој пристап, овој концепт, ова стратегија и програма ќе создаваат нови предиспозиции за поквалитетно и пообемно вклучување која оди во насока на негување на културниот диверзитет во градот и афирмација на културниот идентитет на помалите етнички заедници, кои претставуваат супстанцијална вредност за нашиот град.

Како позитивно искуство е токму ова иницијатива која ќе придонесува да се предвидуваа, да се структурира да се орочи и да се финансира културното вклучување на помалите заедници. Државата е должна да ги создава сите услови за квалитативна афирмација на културните вредности на помалите заедници, како клучен чинител на едно разновидно културно општество.