Пишува: Баедуљ Заими

 

Ми претставува посебно задоволство денес да ја отворам оваа конференција, оваа дебата на тема “Подигнување на јавната свест за Шар Планина”, проект имплементиран од НВО БИРС во рамките на програмата Цивика Мобилитас и финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), имплементиран од NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (MCCM) и Шведскиот институт за јавна администрација.

 

БИРЦ е релативно нова организација која има мисија да создаде широка соработка на национално и регионално ниво, со цел да промовира отворен дијалог со сите други организации и други општествени фактори кои се ангажираат за демократските вредности. БИРС ја има мисијата за промовирање на граѓански иницијативи во специфични области за да ги зајакне основните димензии на демократскиот живот поврзани со слободата на медиумите, транспарентноста, доброто владеење и целиот спектар на човекови права.

 

Токму во функција на оваа мисија, БИРЦ, исто така, го реализира овој сензибилизирачки проект, преку кој е наменет да отвори аргументирана и исцрпна дебата со сите актери од јавниот живот за прогласување на Шар Планина за Национален парк. Во рамките на проектот финансиран од Civica Mobilitas, со цел да се подигне јавната свест, се веќе објавени 6 кратки сензибилизирачки видео клипа, е реализиран еден документарен филм кој ќе биде презентиран денес пред вас во оваа конференција. Целта на оваа дебата е да се постават и дискутираат различни ставови, аргументи, за прогласување на Шар Планина за Национален парк.

 

Секако, оваа дебата не беше отсутна во минатото и беше многу суштинска, а ние се обидовме да дадеме медиумски придонес, сите заедно, за да му дадеме сила на аргументот за прогласувањето на Шара за Национален парк. Различни ставови, различни аргументи, се токму во функција на кристализација на оваа идеја и во функција на вклучување на сите актери во процесот на сензибилизација и финализирање на овој проект.

 

Авторот е Извршен директор на БИРС. Овој текст е од неговото излагање во Конференцијата насловена како „Подигнување на јавната свест за прогласување на Шар Планина за Национален парк“ оддржан во недела во тетовското Доброште. Подолу ги имате видеата од сите излагање во рамките на конференцијата.

Konferencë lidhur me nevojën e shpalljes së Malit Sharr për Park Nacional, e organizuar nga BIRC dhe e mbështetur nga CIVICA MOBILITAS

Gepostet von Klubi i Debatit Politik – KDP am Sonntag, 9. September 2018

Panel diskutim mbi nevojën e shpalljes së Malit Sharr për Park Nacional

Gepostet von Klubi i Debatit Politik – KDP am Sonntag, 9. September 2018