Референдумот во неделата претставува значителна пресвртна точка за граѓаните на Македонија. За прв пат на референдум во земјата се вклучени повеќето граѓани, без разлика на нивната етничка, верска, полова, регионална и партиска определба или идентитет. Македонци, Албанци, Турци, Роми и други етнички заедници се мобилизирани околу заедничката стратешка цел – интеграција во НАТО и во ЕУ. Се обединети сите разновидности на општеството околу целта со кој се гарантира слободата, достоинството, напредокот, подобар живот и вистинска демократија. Историски настан за исто така историски чекор кој се очекува да се случи во неделата, на 30ти септември.

 

Гласот “за” подразбира една висока граѓанска свест за ориентацијата кон евро-атлантските вредности, кон вредностите на европската демократија.

 

Гласот “за” ќе значи отворање на уште една перспектива за сите граѓани, значи влез во други развојни димензии кои директно ќе влијаат на благосостојбата на граѓаните, во сето она што значи социјален, културен и демократски живот.

 

Европската парадигма инхерентно ги признава политичките слободи, културната плуралност, разновидност и економскиот развој.

 

Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС), во склад со овие вредности, го нагласува про-референдумскиот став како можност за заеднички вредности во заедничкиот простор на европските цивилизациски вредности.

 

Со текот на времето оваа ориентација беше сон за сите нас, сон за да станеме дел од ова парадигма која ја признава слободата, достоинството и континуирано култивирање на демократските вредности.

 

Неделата е шанса да се докаже нашата подготвеност за отворање на нови хоризонти за поттикнување на развојот, кои ќе бидат корисни и од суштинско значење за сите генерации.

 

Ние треба да гласаме за нас, за нашето постоење, за вредностите кои се стремиме да ги имаме.

 

Ние само треба да ги отвориме нашите врати за оваа суштествена покана, која обезбедува сигурност, стабилност, нормалност и воздигнување во оние димензии кои во нивниот епицентар го имаат човекот и сите негови културни слоеви.

 

Гласаме за себеси, за европските вредности кои се заглавени во нашиот простор долж долгата и досега безнадежна транзиција.

 

Со почит,

Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС)