Со децентрализирањето на власта, единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) добија поголеми ингеренции а со тоа и поголем буџет за менаџирање. Со ова се зголемија можмостите за злоупотреба на тие ингеренции за сопствена придобивка. Ова појава е дефинирана како корупција, при што подразбира искористување на функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за остварување на каква и да било корист за себе или за друг.

 

Пошироката дефиниција на корупцијата подразбира распаѓање на системот на донесување одлуки; лошо работење; незаконски активности превземени од луѓе кои имаат некаква власт; неспроведување закони, одлуки, правилници, конвенции; неморал; мобинг…

 

Паралелно со децентрализацијата власта се децентрализираше и корупцијата како негативна појава. Заради тоа, се појавува потребата за посериозно наблудување на работењето на ЕЛС од страна на невладините организации (НВО), новинарите и медиумите.

 

Поголемиот притисок кон ЕЛС за отчетност и транспаретност како и за добро управување со јавниот имот и средства, подразбира и познавање на средствата и текниките на истражување, мониторирање и известување за коруптивните активности на локалната власт. Клучна улога во овој процес имаат новинарите, медиумите и НВО секторот, особено оние коиделуваат на локално или регионално ниво.

 

За проценка на капацитетите на граѓанските организации и медиумите од проектните градови Гостивар, Тетово и Кичево беше направено истражување, при што како методи се користени анкетата и интервјуто.

Примерокот го сочинуваа вкупно 14 организации и медиуми, кои се најактивни и највлијателни во проектните региони.

 

Анкетниот прашалник ги таргетираше претставниците од невладините организации и вработени во медиумите, т.е новинарската фела од проектните општини.

Прашалниците беа составени од два дела, прашањата од 1 до 6 се одговараа со означување на поле (затворени), додека пак прашањата од 7 до 15  беа отворени – наменети за описен одговор опфаќајќи ги ставовите и мислењата на испитаниците.

 

Резултатите на ова истражување ја потврдија хипотезата врз која се заснова проектот – медиумите, организациите и новинарите на локално ниво недоволно ја наблудуваат, истражуваат и известуваат за корупцијата на локално ниво.

На прашањето „ Колку вашата организација/медиум е запознаен со формите на корупција?“, осум од испитаните одговориле со „делумно“, еден со „воопшто не“ и пет со „доволно“.

 

Целосниот извештај од истражувањето прочитајте го ТУКА