Македонија се смета како мултикултурна земја, но во мултикултурната комуникација помеѓу заедниците, не било дозволено тие да се познаваат доволно и да разменат културни вредности помеѓу нив. Во повеќето случаи таквата комуникација била фрагментирана и без да се има можност остварување на продуктивна комуникација. Како и да е постојат невладини организации кои придонеле за интеркултурната комуникација и веќе го имаат знакот на интеркултурната отвореност.

 

Културната продукција ретко ги надминува бариерите на некомуникацијата. Има толку создавачи кои претставуваат одреден настан пред друга заедница, со исклучоци. Размената на творешните вредности е минимална, без да се има стратегија за пренесување на вредностите кај другиот, кај друг културен систем кое ќе служеше за поголемо запознавање и во насока на разбивање на предрасудите.

 

Колку повеќе комуницираш и го запознаваш другиот, толку повеќе по толерантно станува општеството. Одсуството на познавањето на другиот создава и предизвикува предрасуди. Овие факти се истакнати десетина пати од страна на невладините организации кои ја  негуваат интеркултурната комуникација и надминување на бариерите кои предизвикуваат изолација и општествен монолог. Постојат организации кои во нивниот фокус ги имаат младите, нивната културна комуникација независно од нивната етничка припадност.

 

ЗА ПОВЕЌЕ ГЛЕДАЈТЕ ГО ИСТРАЖУВАЊЕТО И ДЕБАТАТА ВО ВИДЕОТО ПОДОЛЕ!

 

 

Проектот е поддржан од ЦИВИКА МОБИЛИТАС:

„Содржината на оваа истражувачка сторија е единствена одговорност на Балкански институ за регионална соработка (БИРС) и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат“.