ЗА НАС

Балкански институт за регионална соработка (БИРС) е невладина и непартиска организација, целосно независна со своето функционирање, со седиште во Тетово.

 

 

ВИЗИЈА

 

Визијата на организацијата се изгради на еден отворен концепт за поттикнување, промоција и афирмација на регионалната соработка во духот на најдобрите европски вредности, во целиот спектар на функционирање на граѓанските организации за едно вистинито демократско општество. Визијата на БИРС е изградба на едно слободно, еднакво и толерантно општество која целосно функционира врз демократски принципи.

 

 

МИСИЈА

 

Мисија на организацијата е да создава една широка рамка на соработка на национално и регионално ниво за промовирање на еден отворен дијалог, со сите организации и други општествени актери кои се стремат за демократски вредности. БИРС има за мисија поттикнување на граѓански иницијативи во определени области за да ги зајакне суштинските димензии на демократскиот живот, кои се поврзуваат со слободата на медиумите, транспарентноста, доброто владеење и целата рамка на човекови права.

 

БИРС има за цел да ја динамизира соработката на национално и регионално ниво во сите тие димензии кои се појавуваат како дефицитарни и кои оневозможуваат изградба на едно вистинско демократско општество.

 

БИРС главно се ангажира за промовирање на соработката во областа на новинарството, но и целиот спектар што подразбира ангажман на граѓанското општество, ангажман за едно отворено општество со еднакви можности.

 

БИРС има за цел да иницира соработка во конкретни проекти кои се поврзуваат со заеднички граѓански цели на национално и регионално ниво. Взаемното запознавање, споделување на вредности, практики и искуства – останува главната цел на организацијата.

 

Повикувањето на интеркултурниот дијалог исто така е една значајна димензија на мисијата и целта на организацијата. БИРС има за цел да изгради мостови на соработка помеѓу новинарите, носителите на граѓанското општество и експертите на различни области во Балканот. Организацијата има за цел отворено запознавање  помеѓу народите во Балканот, без предрасуди и стереотипи.

 

За една поконкретна и креативна соработка кон заедничките вредности, БИРС има за цел да произведува заеднички медиумски производи, кои се поврзуваат со борбата против корупцијата и организираниот криминал.

 

Во БИРС се ангажирани докажани новинари, аналитичари, експерти и активисти од сите балкански земји и пошироко.

 

 

Активностите на БИРС се:

 

– Продукција на истражувачки стории на национално и регионално ниво

 

– Анализи во областа на политиката, економијата, финансии и безбедноста

 

– Организирање на регионални дебати и панел дискусии за различни теми

 

– Проекти за борбата против корупцијата и организираниот криминал во Балканот

 

– Регионално вклучување за промовирање на културните и демократските вредности

 

– Взаемно споделување на искуства од различни области на граѓанскиот живот

 

 

БИРС има намера да создава вмрежување за соработка помеѓу новинарите, граѓанските активисти и експерти на балканско ниво за промовирање на една супстанцијална европска визија и перспектива за сите балкански земји.

 

 

Eмаил: birc.balkan@gmail.com

          info@b-irc.org

 

 

Канцеларија во Македонија:

 

  1. Извршен директор:

Бардул Заими, уредник и писател

Емаил: bardhyl.zaimi2013@gmail.com

 

  1. Програмски менаџер:

Арбен Зеќири, новинар истражувач

Eмаил: arbenzeqiri12@gmail.com

 

  1. Финанциски менаџер:

Лулзим Атули

Eмаил: lulzim.atuli@hotmail.com

 

 

 

Членови на бордот:

 

Координатор:

Џелал Незири, уредник/новинар истражувач и аналитичар ( Македонија)

Eмаил: xhelalneziri2@gmail.com

 

Сељадин Џезаири, искусен новинар од ББС

Е-маил: sxhezairi@gmail.com

 

Charlotte Stiévenard, новинарка истражувач и аналитичар (Грција)

Емаил: charlotte.stievenard@gmail.com

 

Арбен Мука, новинар на Дојче Веле и универзитетски професор по новинарство ( Албанија)

Eмаил: mukaben@hotmail.com

 

Кристи Петрова, , новинарка истражувач и аналитичар (Бугарија) 

Eмаил: kristipetrova@abv.bg

 

Дражен Симич, новинар истражувач и аналитичар (Босна и Херцеговина)

Eмаил: drazen.simic@gmail.com

 

Сергеј Жупанич, новинар истражувач и аналитичар (Хрватска)

Eмаил: sergej.zupanic@gmail.com

 

Сербезе Хаџиај, новинарка истражувач и аналитичар (Косово)

Eмаил: serbeze.haxhiaj@gmail.com