Во текот на конференцијата организирана од БИРС (Балкански институт за регионална соработка) со поддршка од страна на Civica MOBLITAS, актерите на јавниот и институционалниот живот широко дебатираа на темата “Подигнување на јавната свест за прогласување на Шар Планина за Национален парк”.

 

Конференцијата беше одржана на 08.09.2018 година во тетовското село Доброште, и ги донесе следниве ЗАКЛУЧОЦИ:

 

– Министерството за животна средина и просторно планирање, во согласност со новата динамика која е создадена и во согласност со позитивниот дух кој е присутен, да ги даде нејзините максимални заложби за одржување и интензивирање на динамиката за валоризација на оваа иницијатива, со тоа што 2019 година да биде заокружена и формализирана со прогласувањето на Шар Планина за Национален парк.

 

– Во меѓувреме, додека биде прогласен националниот парк, општините кои гравитираат во областа на Шар Планина да се вклучат во процесот и да изградат конкретни стратегии за зачувување и заштита на Шар Планина, преку иницирање на сеопфатни активности кои се во функција на оваа цел.

 

– Невладините организации да продолжат со проекти за подигнување на свеста кај граѓаните со дифузија на подобри информации за придобивките кои ги нуди Шар Планина кога ќе биде прогласена за Национален парк. Особено е потребно да се информираат жителите на најдлабоките села на планините Шара, преку обезбедување на сите потребни аргументи и практики за функсионирање на Националниот парк.

 

– Да продолжи да се оддржува во живот идејата за прогласување на Шар Планина за Национален парк преку активности во јавниот простор, преку оддржување на ритамот на сензибилизација на јавноста од страна на невладините организации, особено од платформата “Пријателите на Шара”, која навистина покажа извонреден протагонизам преку поттикнување на дебатата и обезбедување на вистинска информација за идејата за прогласување на Шар Планина за Национален парк.

 

– Да се поттикне многу повеќе стручниот пристап на истражувачи и професионалци, кои имаат познавања за богатиот биодиверзитет на Шар Планина и кои можат да придонесат во објаснувањето на придобивките кои ќе ги имаат жителите на населените места на Шара со прогласувањето на овој планински масив за Национален Парк. Да е прикажат и промовираат овие бенефиции, особено развојот на планинскиот туризам и други форми на екотуризам.

 

– Да се формира заедничко координативно тело, кое ќе вклучува претставници на граѓанското општество, локалната и централната власт, со цел да се усогласат и структурираат активностите за поефикасна завршување на процесот на прогласување на Шар Планина за Национален парк.

 

Konferencë lidhur me nevojën e shpalljes së Malit Sharr për Park Nacional, e organizuar nga BIRC dhe e mbështetur nga CIVICA MOBILITAS

Gepostet von Klubi i Debatit Politik – KDP am Sonntag, 9. September 2018

Panel diskutim mbi nevojën e shpalljes së Malit Sharr për Park Nacional

Gepostet von Klubi i Debatit Politik – KDP am Sonntag, 9. September 2018