Учеството на жената во јавниот живот во Македонија е сеуште одсутно и се представува преку доминација на мажите. Десетици организации во земјата веќе го истакнале недоволното вклучување на жената во јавниот живот.

 

Помеѓу битката за родова рамноправност и одбивањето на повеќе фактори се наоѓа зона за заложби која понекогаш не е толку силна во нејзиниот глас. И другите земји од регионот не може да се пофалат кога станува збор за процентот на претставувањето на жената во политиката.

 

Историјата игра значајна улога во одредувањето на политичката сегашност, социјалната и културната активност на балканските народи. Овој кревок амбиент доведува до тоа јавната и политичката реалност да се доминира од страна на мажите.

 

Првата жена премиер во Словенија беше избрана во 2013 г, кога владата беше раководена од страна на Аленка Братуцег. По една година таа поднесе оставка, бидејќи ги загуби изборите за претседател во нејзината партија, а победи против кандидатот Зоран Јанковиќ.

 

Повеќето од балканските земји вклучувајќија и Македонија воспоставиле законски квоти за претставување на жените во политиката. Во кандидатските листи на политичките партии, законски треба да има минимум  30% кандидатки жени.

 

Активистите за правата на жената се недвосмислени во констатацијата дека во Македонија постои законска дискриминација. Во јавната и државната администрација над 60% се жени, но во раководните структури таа е претставена околу 30%.

 

ЗА ПОВЕЌЕ, ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ИСТРАЖУВАЊЕТО И ДЕБАТАТА ВО ВИДЕОТО ПОДОЛЕ!

 

Проектот е поддржан од ЦИВИКА МОБИЛИТАС:

„Содржината на оваа истражувачка сторија е единствена одговорност на Балкански институ за регионална соработка (БИРС) и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат“.