Автор: Џумадије Ибрахими

 

 

Според податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање во Македонија постојат 54 депонии на локално ниво. Но, ниту една од нив со исклучок на депонијата ”Дрисла” во Скопје не ги исполнува европските стандарди за собирање на отпадоците. Постојат и стотици други депонии т.н. диви, кои функционираат надвор од секаков стандард. Сликите што ги следите направени се деновиве во депонијата во Струга што е не повеќе од 200м. далеку од центарот на градот и се протега на површина од 20.000 м2. Пресметувањата зборуваат дека тука се собираат некаде 45.000 м3 отпадоци.

Кренар Лога од Општина Струга вели дека палењето на депонијата имаат политичка заднина.

„Проблемот на Струшката депонија може да се каже дека е од краток рок, во смисла на тоа дека палењето се случило последните три месеци, а ние се сомневаме дека позади овие дејствија стојат криминални групи поврзани со дневната политика. И во нашиот  четиригодишен мандат, но и пред тоа, не се случило случај на палење на оваа депонија“, вели тој.

Лога информира дека Општина Струга предвидела средства во Буџетот и година работела со менаџирањето на депонијата, за што „добивала пофалби од страна на ЗЕЛС“.

Но, граѓаните велат дека општината потфрлила со менаџирањето на депонијата.

Проблемот со управувањето со отпадот е присутен и во други општини, како во Кичево, Гостивар и Тетово. Лошата миризба и чадот претставуваат нешто што веќе не го заморува граѓанинот. Решение се бара било од централна или локална власт. За Полошкиот регион излезно решение е депнијата Русино во Гостивар.

Невзат Бејта, претседател на Општина Гостивар, вели дека нема ингеренции да го реши проблемот.

„Регионалната депонија е одредена во Гостивар. Доколку со Законот на сила Министерството за екологија, Владата нема да најдат решение, тогаш јас како Градоначалник на Гостивар како една од поголемите општини, преку нашите пратеници ќе барам измена на Законот и да се даде законска можност самите општини да го решат проблемот на изградба на фабриките за рециклажа на отпадот, со цел еднаш за секогаш да се реши проблемот. Тогаш Законот треба да ги обврзува оние кои нема да градат такви фабрики нивните отпадоци да ги донесат за рециклажа во фабриката во Гостивар за што ќе плаќаат надоместок. Доколку не се плати надоместок отпадоците нека ги држат во нивните населени места“.

Помеѓу двоумењето за алармираното долгорочно решавање на проблемот и заштита на животната средина, со привремените решенија во разните општини, дивите депонии насекаде алармираат дека стратегијата на централно ниво треба да се оживи. Во спротивно изјавите дека интеграцијата во европското семејство претставува стратешки интерес за нас остануваат само зборови кои по секој изборен циклус ги носи ветерот.

 

За повеќе погледнете ја емисијата во видеото подоле: