Графитите по зидовите не се повржуваат само со сегашноста туку тие ги наоѓаме од Античка Грција или Римската империја. Во модерно време пишувањето по зидовите се поврзува со Хип-Хоп културата.

 

Во Македонија цесто пати таквите графити содржат и јазик на омраза на едни према други. Псовките и навредите кон други, како и дискриминација, се содржините кои можат да се прочитаат на зидовите на сите градови низ Македонија.

Полицијата во нејзиното досие има доста имиња за овие графити, но не успева да ја спречи појават, но дали јазикот на омразата претставува форма на начин на изразување.

 

ЦЕЛАТА ДЕБАТНА ЕМИСИЈА МОЖЕТЕ ДА ЈА НАЈДЕТЕ ВО ОВА ВИДЕО:

„Кога станува збор за други заедници имаат толерантен однос, но кога станува збор за дел од македонците не ретко преку графити изразуваат лоши намери, а тоа го претставува ставот на една заедница кон друга“, вели правникот и универзитетски професор, Башким Селмани.

 

Според податоците во Законот за слободен пристап до јавни информации, најкарактеристични места каде што има такви графите се Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и Струга.

 

Карактеристиките покажуваат дека како најкритични години кога се пишуваат графити со содржина на омраза со годините 2013 и 2014, а нема се уште податоци за последната година кога се случија и немилите настани во Парламентот.

 

Само во 2013 год. се забележани 116 кривични дела предизвикани од омраза, од кои 97 биле од етничка нетолеранција. Поголемиот дел на сторите на такви дела биле малолетници, додека како сторители и жртви се појавуваат и македонците и албанците.

 

„Од повеќе годишното искуство констатирано е дека јазикот на омраза доаѓа поради предрасудите и стереотипите и на тој начин полесно им е да го сменат размислувањето на другите, одколку да се разберат. Години наназад ние организираме обуки со учество на меѓународни експерти кои работат со младите во нашата земја како да се одвикнат од предрасуди и стериотипи, истите да се препознаваат и да се борат против истите, мултикултура е дел од мрежата ,,не мрази,, која има за цел одстранување на оваа негативна појава.„, велат од невладината „Мултикултура“ од Тетово.

 

Хелсиншкиот комитет претставува организација која ги мониторира случаите на јазикот на омраза и се бори против такватат појавa. Проектот  им овозможува на граѓаните сами да ги пријават случаите на  јазикот  на омраза.

 

Случаи на уопотреба на  јазикот на омраза и на дискримнација често пати се пријавени од страна на невладините организации, но јавнотот обвинителство не отворил нитуеден случај по истото.Според податоците  од Основниот Суд копје 1 , кој претстатвува  најголема судска институција  во земјата ,во текот на 2013 година и 2014  не е постапено по нитуеден предмет  кој с е однесува за јазикот за омраза, и ако се забележани голем број инциденти.

 

„Ние како МВР сме интервенирале кај подзаконските акти  со цел да ги задолжиме вработените во полицијата  да во записниците  при прдизвикување на кривично дело да ги евидентират и индикациите на кривичните дела предизвикани од јазикот на омраза, со цел и дентификување и постапување по истите. МВР евидентирала  само 2 случаи на употреба на јазикот на омраза предизвикани при користење на социалните мрежи“, вели Агим Нухиу, заменик-министер за внатрешни работи.

 

Граѓаните се вознемирени од употреба на јазикот на омраза кои се присутен на јавноста . Велат дека се предизвикува од политиката и дка токму политиката може да го реши тој проблем.

 

„Јас не знам што е тоа“

 

„Секако со присутноста на таа појава кај нас неможе да се замисли приклучување кон Европа со говор на јазик со омраза. Тоа се лоши постапки на дел од населението кои сметаат дека на таков начин ќе сторат нешто, но тоа им пречи на сите. Сите ние треба да ги прифатиме различностите на заедниците во модерно време.„

 

За разлика од македонските судови, Европскиот суд за човекови права посветува посебно значење на говорот на јазикот на омраза. Доколку еден таков случај не се процесуира тогаш истиот предизвикува уште поголема омраза, нетолеранција и насилство.

 

ДОКУМЕНТАРНИОТ ИСТРАЖУВАЧКИ ФИЛМ МОЖЕТЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ ТУКА:

GJUHA E URREJTJES – SI TË PËRBALLEMI

Grafitet si formë e shprehjes së mendimeve dhe kreativitetit, apo vend si shfryerje, sharrje, ofendime dhe përdorim të gjuhës së urrejtjes?Emisioni i dytë në kuadër të projektit "ZIGZAG – deri te zgjidhja e problemit nëpërmjet debateve televizive", i përkrahur nga programi CIVICA MOBILITAS dhe i realizuar nga BIRC.

Posted by BIRC on Samstag, 18. November 2017

Проектот е поддржан од ЦИВИКА МОБИЛИТАС:

„Содржината на оваа истражувачка сторија е единствена одговорност на Балкански институ за регионална соработка (БИРС) и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат“.